Диего Армандо Марадона може да ја напушти клупата на Динамо Брест ако му биде премногу ладно во Белорусија, тврдат аргентински медиуми.
Климата и климатски услови во Белорусија се главната ставка во тригодишниот договор на легендата на Аргентина со Динамо Брест.
Марадона ја побара оваа ставка бидејќи се плаши дека ќе биде премногу студено во Белорусија, а раководството на клубот ќе му излезат во пресрет.
Динамо Брест по седум кола во белорускиот шампионат е на осмото место.