Марадона ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Од:

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, решил да се кандидира за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА0, објави во понеделникот уругвајскиот новинар Виктор Иго Моралес.

Марадона за својата намера го известил кога Моралес му се јавил за да добие информација за здравствената состојба на таткото на фудбалската легенда на Аргентина.

„Ми ја кажа својата намера да се кандидира за претседател на ФИФА и ми дозволи тоа да го објавам“, напишал новинарот на својот Twitter.

Марадона е еден од најголемите критичари на Сеп Блатер, кого неколкупати го нарече диктатор, а по апсењето на седуммината функционери на ФИФА во Цирих, изјавил дека целата акција ја проследил со ’големо задоволство’.

Блатер, притиснат од јавноста поради корупцискиот скандал, на 2-ри јуни поднесе оставка на претседателската фуинкција, четири дена по Конгресот на кој беше реизбран за прв човек на ФИФА.

Новите избори за претседател на ФИФА според најавите ќе се одржат кон крајот на годината.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи