Марадона го доби спорот со италијански даночни власти

Од:

Некогашниот светски фудбалер број 1, Армандо Диего Марадона е ослободен од обвиненијата за затајување данок и како што јавуваат медиумите во Италија, тој веќе нема никакви финансиски обврски кон оваа држава.

– Финансиската инспекција го затвори случајот Марадона. Одлуката е донесена од страна на посебна комисија на централната даночна канцеларија во Италија. Мојот клиент конечно се ослободи од овој данок-кошмар, изјави Анџело Писани, адвокатот на Аргентинецот.

Писани најави и противтужба од Марадона и брање надомест од италијанските даночни органи за нанесената штета на неговата репутација во текот на процесот. Како сатисфакција за нанесената морална и материјална штета Марадона ќе бара околу 30 милиони евра, износ еднаков на оној што се бараше да го плати за неподмирен данок кон државата.

Мардона се товареше за долгови кон државата направени во периодот 1984-1991 година, кога беше првата ѕвезда во Наполи.

Тој неколкупати ги негираше тврдењата за затајување данок.

– Сакам да се вратам во Наполи и да разговарам со властите. Не сум прикривал даноци и секогаш си плаќав за тоа што знаев дека треба да се плати, изјави Марадона пред една година, а во 2010 година при неговиот обид за влез во Италија му беа запленети два Ролекс часовници и една дијамантска обетка.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони