Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ најверојатно ќе се пресели во првенството на Кина по крајот на сезоната.
Хрватскиот фудбалер добил понуда од кинески клуб за време на зимскиот трансфер прозорец која ја отфрлил, но сега се очекува да ја преиспита понудата, со оглед на неговиот статус како резерва во Јуве.
Манџукиќ ќе започне како стартер во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а неговиот настап до крајот на сезоната ќе биде исклучително важен за неговата иднина во шампионот на Италија, тврди „Тутоспорт“.