Се зголемуваат шансите хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ да се врати во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Тој на крајот од претходната година го напушти Јувентус и замина за Катар. Во моментов, хрватскиот репрезентативец е член на клубот Ал Духаил за кој одигра седум утакмици и постигна еден гол за шест месеци.
За него е заинтересиран клубот Беневенто што по две години пауза се враќа во елитното првенство откако без проблеми се искачи на табелата во втората италијанска лига.
Клубот му нуди на Маџукиќ годишна плата од 3.500.000 евра и договор во времетрање од една година.