Манчестер Јунајтед не дава повеќе од 50 милиони фунти за Санчо

Од:

Трансферот на Џејден Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед се чини е малку веројатен.

Причината за ова е што клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да плати повеќе од 50 милиони фунти за англискиот талент ова лето. Барем така тврди „Скај Спорт“, повикувајќи се на зборовите на „високи функционери на клубот“.

Борусија сака двојно повеќе за една од нејзините најголеми sвезди.

Вчера, извршниот директор на „жолто-црните“ Ханс-Јоаким Вацке изрази уверување дека Санчо ќе остане, бидејќи никој во моментов не ја платил бараната сума за него.

Сепак, клубот веќе објави дека натпреварите без публика предизвикале загуби од 45 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека финансиските проблеми сè уште можат да ја присилат Борусија да ја намали цената на Санчо.

Според „Скај Спортс“, преговорите за Џуд Белингем би можеле да одиграат клучна улога во трансферот на Санчо, бидејќи 17-годишниот играч од средниот ред е цел на двата клуба.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски