Манчестер јунајтед ќе започне преговори со Де Хеа за нов договор

Од:

Манчестер јунајтед е подготвен да започне преговори со голманот Давид Де Хеа за продолжување на договорот, објавија британските медиуми.

Актуелниот договор на Шпанецот истекува во летото 2023 година, но „црвените ѓаволи“ бараат да го обноват договорот со играчот.

Стручниот штаб, но и шефовите на клубот се импресионирани од настапите кои фудбалерот ги покажа оваа сезона. Убедливиот настап на голманот го поттикна раководството на тимот да помисли дека договорот на играчот треба однапред да биде продолжен.

Друг фактор кој влијае на желбата на „црвените ѓаволи“ да преговараат пред време е проблемот со договорот на Пол Погба.

За потсетување, преговорите со францускиот играч за врска се во ќорсокак и тој во блиска иднина може да го напушти тимот.

Би можело да ве интересира

Манчестер јунајтед го продаде Џејмс на Лидс

А1он

Солскјер: Де Хеа не е преценет голман, туку најдобриот на светот

Жарко Настоски

Ван Перси: Од Манчестер Јунајтед ме избрка Ван Гал

А1он

Јунајтед продолжува со тренинзите и покрај коронавирусот и паузата во Премиер лигата

Ландов

Солскјер: Морав да сменам многу во Јунајтед по Мурињо

Ландов

Во Јунајтед се подготвени да го направат Де Хеа најплатен голман на светот

Наум Локоски