Манчестер Јунајтед дава најмногу пари за плати во Премиер лигата

Од:

Манчестер Јунајтед е клуб кој плаќа најголеми плати во Премиер лигата – според „Делоит“ за сезоната 2018/2019 „црвените ѓаволи“ потрошиле 352 милиони фунти за платите на своите играчи и вработени, што е за 56 милиони повеќе од претходната сезона.

Единаесет фудбалери на Јунајтед земаат повеќе од 100.000 фунти неделно, а четворица заработуваат повеќе од 200.000 фунти.

На второто место по овој индикатор е Манчестер Сити. „Граѓаните“ платија 315 милиони фунти во форма на плати за минатата сезона. Челси е трет со 1 милион помалку, а скоро сигурниот шампион Ливерпул е на четвртото место со 310 милиони.

Топ 6-те ги надополнуваат Арсенал и Тотенхем. Севкупно, екипите на „големата шесторка“ платија 1,7 милијарди долари минатата сезона.

Просечната годишна плата за целата Премиер лига е 158 милиони фунти, што значи дека платите на „Олд Трафорд“ се повеќе од двојно повисоки од просечните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година