Малолетник загина на шампионската прослава на Атлетико Мадрид

Од:

Малолетен навивач на Атлетико Мадрид го загуби животот синоќа за време на прославата на титулата на новиот шпански фудбалски првак.

14-годишниот навивач на Атлетико се возел во комбе и со половина од телото бил излезен од прозорецот на возило веејќи го клупското знаме при што удрил со главата во бетонски столб.

Медиумите јавија дека навивачот починал и покрај брзата лекарска помош, а според првите наоди од истрагата, трагедијата се случила кога возилото влегло во подземен паркинг во центарот на Мадрид.

Илјадници навивачи на Атлетико синоќа во шпанската престолнина ја славеа шампионската титула до која тимот на Диего Симеоне дојде по триумфот на гостински терен над Ваљадолид (2:1) во последното коло во Ла Лига.

Би можело да ве интересира

Загина пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Флик втор месец по ред е најдобар тренер во Ла Лига

А1он

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

40-годишен кумановец загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски