Макс Струмица ја очекува првата победа во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Макс Струмица вечерва на домашен терен го игра шестиот натпревар од СЕХА лигата. За противник струмичани го имаат тимот на Борац Бања Лука.

Ова воедно е шанса Макс Струмица да ја забележи првата победа во лигата бидејќи квалитетот на ривалот е на речиси исто ниво. Воедно и малку да ја „кренат“ атмосферата по двата убедливи пораза од Мешков Брест и од ППД Загреб.

– На последните дуели имавме проблеми со повредите. Сега сите со исклучок на левото крило Мирко Мајиќ се подготвени, иако е можно и Мајиќ да се појави во игра. Ја очекувам првата победа во СЕХА лигата, изјави тренерот Марјан Андонов.

Гостинската екипа на Борац од Бања Лука досега има одиграно само еден натпревар во лигата и тој го загуби.

Почетокот на дуелот Макс Струмица – Борац е во 20:15 часот, а дуелот се игра во салата „Парк“ Струмица.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска