Макс Струмица домаќин на Мешков Брест

Од:

Македонскиот претставник во СЕХА лигата Макс Струмица вечер од 20:15 часот го игра четвртиот натпревар од ова натпреварување. Струмичани се домаќини на Мешков Брест, екипа која важи за фаворит во овој дуел.

– Нашиот ривал е силна екипа и можеби важи за една од првите четири во лигата и нивните квалитети не треба да се коментираат. Верувам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар, а моите играчи ќе се борат за позитивен резултат докрајот. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, изјави тренерот на струмичани Марјан Андонов.

Макс Струмица сите три натпревари досега ги одигра на домашен терен и освои само еден бод. Мешков Брест на трите натпревари постигнаа една победа, но имаат два пораза од шампионот Веспрем и од Загреб.

Инаку, поради труење на гостувањето во Белорусија, кога неколку играчи на Загреб и тренерот Веселин Вујовиќ беа и во болница СЕХА лигата го одложи натпреварот Загреб – Вардар. Дуелот требаше да се игра утре, а е презакажан за 10 октомври.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска