Каратистите на Макпетрол освоија три златни и две сребрени медали во највозрасната категорија на помлади сениори-ки (У21) викендот во Херцег Нови на 18. Балканското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21.
Моника Пендаровска освои два златни медала, во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби. Анѓела Мојсовска, исто така со освоени два медала, од кои еден златен и еден сребрен во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби.
Петтиот медал за Макпетрол го освои Абдурахим Идризи – сребрен медал кај јуниорите во категорија -55 кг.
– Ова е голем успех за каратистите на Макпетрол, оцени тренерот Бошко Заборски.
На првенството учествуваа 885 натпреварувачи од 11 држави.