Македонското одбојкарско првенство прекинато без да биде прогласен шампион

Од:

Се прекинува одбојкарското првенство за натпреварувачка сезона 2019/2020 година, во сите категории (мажи и жени), без прогласување на победници, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.

За клубовите коишто имаат намера да се натпреваруваат во европските купови за натпреварувачка сезона 2020/2021 година, ќе важи пласманот на екипите на денот на прекинување на првенствата.

Доколку за следната натпреварувачка сезона 2020/2021, има клубови коишто имаат намера и желба да учествуваат и да се натпреваруваат во највисок натпреварувачки ранг, Извршниот одбор на ОФМ, по поднесување на пријавите, ќе цени и ќе одлучува дали тие ги исполнуваат предвидените услови.

Овие одлуки ОФМ ги донесе по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба