Македонското дерби во СЕХА закажано за 22. ноември

Од:

Натпреварот меѓу македонските екипи во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург ќе се одигра на 22. ноември во салата во СЦ „Јане Сандански” со почеток од 17 часот и 45 минути.

Тоа ќе биде втор меѓусебен дуел оваа сезона. На првиот меч одигран на почетокот на септември, Вардар победи со резултат 25:24.

Во моментов Вардар е лидер во СЕХА лигата со 9 победи од 10 натпревари, и вкупно 28 бода или девет бода повеќе од второпласираниот ППД Загреб.

Металург има далеку послаб биланс. Со само 4 бода и ефект од една победа еден нерешен резултат и шест порази, тимот од Автокоманда се наоѓа на 8.место.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он