Македонската женска ракометна репрезентација се најде во третиот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за Европското првенство 2020 во Данска и Норвешка.
Жрепката е закажана за утре од 18 часот во данската престолнина Копенхаген.
Вкупно 28 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето се поделени во четири шешири.
Шешир 1: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија
Шешир 2: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска
Шешир 3: Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина, Италија, Македонија
Шешир 4: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски Острови, Косово и победникот од квалификациска фаза 1 (Израел, Финска, Грција и Луксембург)
Шампионатот ќе се одржи во Данска и Норвешка во период од 4 до 20 декември.