Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат е поразена од селекцијата на Црна Гора.
Македонските ракометарки го загубија и вториот контролен меч против Црна Гора кој се одигра во Подгорица, а во рамките од неделата на ЕХФ. За разлика од првиот меч кој Црногорките го добија со 8 гола разлика, на вториот разликата изнесуваше 12 голови 32:20.
Избраничките на селекторот Симе Симовски повторно не успеаја да дадат поголем отпор на противникот, а единствена која успеваше да им парира на Црногорките беше Елена Георгиевска која со шест постигнати голови беше најефикасната ракометарка на натпреварот.
На двата меча во Подгорица, Македонија настапи со драстично подмладен тим со кој ќе игра и во квалификациите за Светското првенство.
На почетокот на декември, црвено-жолтите ќе патува на Фарски Острови каде што ќе се бори за првите две места со домашната репрезентација, Австрија и Исланд.