Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево загуби од Србија со 28:21 во натпревар за пласман од 9-18. место на Европското првенство за играчи до 19 години што се одржува во Шпанија.
Македонките повторно одиграа добро прво полувреме кое го решија во своја корист со 12:10. Потоа, слично како и на средбата со Германија, „црвено-жолтите“ имаа криза во играта, што на крајот ги чинеше убедлив пораз.
Македонија утре игра против Хрватска која денес загуби од Литванија со 34:31.
На табелета во групата 1 Србија е прва со 4 бодови, Литванија и Македонија имаат по 2, Хрватска е без бод.