Македонските ракометарки поразени од Шведска

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Шведска ги почна квалификациите за Европското првенство што следната година ќе се одржи во Франција.

Избраничките на селекторот Симе Симески на гостувањето во Лунд, загубија од Шведска убедливо со 38-26 полувреме 18-13.

Иако мечот го отворивме со 2-0, сепак потоа следуваше серија на домаќинките од 7-0, за највисоки +5 во првиот дел, кој Швеѓанките го добија со 18-13.

Во второто полувреме домашните ракометарки рутинирано ја зголемуваат предноста која на крајот изнесуваше 12 голови разлика 38-26.

Во редовите на македонската репрезентација најефикасна беше Елена Ѓорѓиевска со девет постигнати гола. Ова беше натпревар од третата квалификациска група во која попладнево се одигра и средбата Србија – Фарски Острови 30-20.

Во второто коло македонските ракометарки ги очекува дуелот против Србија в недела во Скопје.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ