Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа загуби на гостувањето во Подгорица од Црна Гора со 31:24 (15:10).
Домаќинките победата ја најавија ушта на почетокот со водството од 5:0, подоцна беше 8:4, во финишот на првиот дел 15:9.
Во второто полувреме Црногорките имаа и рекордни плус 9 (22:13).
Двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар вечерва од 18:30 часот во раките на ЕХФ неделата.