Македонските ракометарки ја пречекуваат Шведска

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечер во СРЦ „Кале“ во Скопје ја пречекува Шведска во првиот од двата бараж дуела за пласман на Светското првенство во Германија што ќе се одржи кон крајот на годинава.

Избраничките на селекторот Симе Симевски против фаворизираните Швеѓанки ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реванш дуелот кој ќе се игра во вторник на теренот на противникот.

Вечерашниот меч меѓу Македонија и Шведска ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути, а е последниот од петте кои се играат денеска.

Во останатите средби од денешната програма се среќаваат: Италија – Србија, Унгарија – Словачка, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.

На натпреварите одиграни вчера, беа постигнати постигнати овие резултати: Црна Гора – Белорусија 33-26, Русија – Полска 31-20, Романија – Австрија 34-29 и Украина – Шпанија 24-24.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска