Женската ракометна репрезентација на Македонија вечер во Риека против селекцијата на Хрватска ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шведска.
Веќе од поодамна нашиот подмладен репрезентативен состав ги загуби шансите за пласман на шампионатот, но избраничките на селекторот Симе Симевски во Риејака ќе се надигруваат со фаворизираната Хрватска во обид да ги освојат првите бодови во квалификациите.
Натпреварот Хрватска – Македонија ќе започне од 20 часот и е последен од 4 група, во која претходно од 18 часот ќе играат Црна Гора и Словенија.
На табелата водечка е селекцијата на Црна Гора која има 8 бодови, два повеќе од Хрватска и Словенија, додека Македонија нема освоено ниту еден бод.