Македонските ракометарки ги дознаа противиците во квалификациите за СП

Од:

Женската ракометна селекција на Македонија доби релативно тешки противници во првиот квалификациски круг за пласман на Светското првенство 2017 година во Германија.

Избраничките на селекторот Симе Симовски се најдоа во третата (3) групата каде за противнички ќе ги имаат ракометарките на Австрија, Исланд и Фарските Острови.

Доколку селекциите не успеат да се договорат да се игра по принципот дома-гости, тогаш квалификациите ќе се одиграат на турнирски систем за време на викендите.

Во тој случај, првиот турнир би се играл од 5 до 9 октомври, вториот од 23 до 27 ноември, а последниот од 30 ноември до 4 декември годинава.

Во останатите квалификациски групи од првата рунда ќе играат. Во Група 1 Украина, Словачка, Литванија, Грција, во Група 2 Белорусија, Турција, Швајцарија, Косово и во Група 4 Италија, Португалија, Израел.

Пласман во наредната фаза од квалификациите ќе обезбедат две првопласирани селекции во групите 1, 2 и 3, како и победникот во групата 4.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ