Македонската ракометна репрезентација до 18 години ја очекува квалификациски турнир за пласман на Европското првенство 2017 во Словенија кој ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март.
Завршните подготовки за овие натпревари македонските ракометарки под водство на ВД селекторот Борче Марковски ќе ги почнат утре со собирот закажан за 18 часот во салата „Автокоманда“.
Марковски упати повик до следниве ракометарки: Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филипоска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Милица Николиќ, Михаела Камческа, Јована Владева, Ања Велкова.
Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобро пласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на Континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.