Македонската ракометна репрезентација која патуваше со директен лет пристигна во Суми, за настап на утрешниот меч против Украина од Квалификациите за ЕП 2018.
Селекторот Раул Гонзалез, заедно со 17-те играчи на кои ќе смета за мечот, денеска ќе ги одработат последните подготовки во салата каде утре од 180 часот по македонско време ќе го одиграат натпреварот кој може и да решава за пласманот на континенталниот собир.
На мечот меѓу Македонија и Украина во Скопје во ноември 2016, победи македонската репрезентација со 27-21.
Македонија, Украина и двете останати селекции од групата – Чешка и Исланд имаат по 4 освоени бодови во досегашните 4 средби.
По средбата во Суми, Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра в недела (18 јуни) против Чешка во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.