Македонските одбојкари во Полска одат по две победи

Од:

Одбојкарска репрезентација на Македонија в петок и сабота ќе гостува во Полска во рамките на натпреварувањата од ЦЕВ Европската Лига од А-група.

Натпреварите ќе се играат во Калиш, двата со почеток во 17 часот.

Селекторот Жарко Ристоски задоволен од досега прикажаното на неговите избраници.

– Уште пред започнувањето на натпреварувањето рековме дека Естонија и Полска се фаворити во групата, а во нивни прилог одат и случувањата во текот на натпреварувањето како што се осум од десет натпревари на Естонците на домашен терен и директен пласман на Полска како домаќин на „фајнл-фор“ турнирот. И покрај вакви тешки околности ние останавме во игра за полуфинале до самата завршница. Полска е многу силна репрезентација без разлика во каков состав ќе настапи. Играат агресивно со добра одбрана и напад. Ќе биде тешко, но ние сме во нагорна форма. Одиме да одиграме најдобро што можеме, изјави Ристоски.

Македонија со две победи во Полска, како и два пораза на Грција од Словенија ќе значи повторување на ланскиот успех кога „црвено-жолтите“ играа во полуфиналето.

Капитенот Никола Ѓоргиев смета дека за успешен резултат, Македонија треба да го диктира темпото и да не му дозволи на противникот да се размавне.

– Ако им ја пуштиш топката ќе те тепаат 3-0, ако им наметнеш своја игра ќе победиш 3-0. Затоа на овие натпревари треба да го покажеме нашиот квалитет. Одиме на две победи кои не оставаат во игра за „фајнл-фор“. Сите живееме за тоа, рече Ѓоргиев на денешната прес-конференција.

Македонските одбојкари вечерва со автобус тргнуваат за Белград, од каде со авион заминуваат за Варшава, а потоа ги чека уште 260 километри пат со автобус до Калиш каде ќе се играат натпреварите со Полска.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба