Македонските одбојкари во нов поход во Европската лига

Од:

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, со денешната прес-конференција го најави новиот настап во Европската лига во кој ќе се обиде конечно по две втори места да го освои првото, односно златниот медал.

– Оваа сезона сме ослабени во однос на претходните со неиграњето на неколку стандардни репрезентативци. Но, јас не би бил тука доколку не верувам во потенцијалот на овој подмладен тим. Добро е што сме во групата која реално е послаба со Шведска, Албанија и Азербејџан и со три победи во Скопје и две во Албанија ќе дојдеме до финалниот турнир во Данска“, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев

За првпат пред новинарите се претстави и селекторот Драгутин Балтиќ кој доаѓа од Словенија.

– Искрен да бидам имав малку информации за овој тим но сега преку видео касети и тренинзите подобро ги запознав играчите и лично не би бил тука да не верувам во потенцијалот на оваа екипа која реално може да го освои првото место во Европската лига, изјави Балтиќ.

Првиот турнир се игра во Скопје од 16-18 јуни кога во три дена играме со Албанија, Шведска и Азербејџан.

Потоа во Тирана од 23-25 јуни се игра вториот турнир.

За финалниот турнир кој ќе се игра во данскиот град Гентофе (1 и 2 јули), покрај домаќинот Данска ќе се пласираат и двете првопласирани селекции од двете групи, како и најдобрата второпласирана селекција од двете групи.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ