Македонските одбојкари со максимални пет порази го завршија ЕП 2021

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација со пет порази во исто толку натпревари ги завршија настапите на Европското првенство 2021.

„Црвено-жолтите“ попладнево во Тампере загубија од Русија со 3-0, по сетови 25:15, 25:13 и 25:18.

Русите доминираа во сите статистички категории, 15:3 во сервис-ас, 40:23 поени од напад и 9:0 во блокови.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 9 поени, вообичаено беше најефикасен во македонскиот состав.

На целото Европско првенство, македонскиот национален тим освои само два сета, по еден против Финска и Шпанија и не ги повтори двете победи од претходниот евро-шампионат.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба