Македонските одбојкари пружија силен отпор на фаворизираната Словенија

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз го започна квалификацискиот тутнир за Европското првенство. Попладнево во Вроцлав, Полска, македонските одбојкари загубија од Словенија со 3-2.

Словенците го добија првиот сет со 25:18, а потоа следуваше добра игра на нашите одбојкари и резултатски пресврт, откако вториот сет го решија во своја корист со ист резултат, а во третиот резултатот беше 25:19. Сепак, фаворизираниот противник изедначи на 2-2 во сетови откако во четвртиот сет убедливо победи со 25:16, а во решавачкиот петти сет беше 15:8 за Словенија.

Вечерва 1.коло ќе се комплетира со натпреварот Полска – Летонија.

Следниот дуел Македонија го игра утре од 18 часот, во 2.коло противник е домаќинот Полска.

Третиот настап во Вроцлав македонските одбојкари ќе го имаат в недела против Летонија од 15 часот.

Ова е прв турнир кој го играат овие четири репрезентации, а другиот е по седум дена во Словенија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ