Македонските одбојкари поразени од Хрватска на завршниот турнир во Скопје

Од:

Македонските одбојкари беа поразени од Хрватска со 2:3 во сетови на завршниот турнир во Европската сребрена лига што се одржува во Скопје.

Во исцрпувачки натпревар во пет сетови, Македонија ги освои првите два и поведе со 2:0.

Меѓутоа, кога изгледаше дека финалето за Македонија е на дофат, хрватските одбојкари влегоа во ритам и ја презедоа иницијативата, освојуваќи ги третиот и четвртиот сет за израмнување од 2:2.

Петтиот сет беше најнеизвесен и драматичен, но македонските одбојкари и дозволија водство на Хрватска, која го освои одлучувачкиот сет со 9:15.

Хрватска во финалето ќе се соочи со Белорусија, додека Македонија ќе игра за третото место против Летонија.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ