Македонските одбојкари поразени од Данска

Од:

Од планираните три, македонската одбојкарска репрезентација освои само еден бод на првиот од двата натпревара со Данска и значително си ги намали шансите за полуфинале во Европската лига.

Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во драматичен и неизвесен дуел Данците славеа со 3-2.

Гостите го освоија првиот сет со 29:27, следуваа два добри сета за избраниците на селекторот Жерко Ристоски и по 25:18 и 25:18 Македонија поведе со 2-1.

Но, Данска повторно фати резултатски приклучок, го доби четвртиот сет со 25:22, а во решавачкиот скратен сет успеа да стигне до 18:16 за прва гостинска победа во дуелите со Македонија.

Денеска од 17:30 часот ќе се игра и вториот меч меѓу овие две репрезентации.

На другиот вчерашен натпревар од А-групата Австрија – Естонија 1-3.

Табела: Естонија 15 бодови, Полска 10, Австрија 8, Македонија 7, Данска 5, Израел 3.
Во полуфиналето одат двете првопласирани.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ