Македонските одбојкари поразени на гостувањето кај Летонија

Од:

Одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе пораз од 3:0 на гостувањето кај Летонија во рамки на второто коло во групата А во Сребрената европска лига.

Македонските одбојкари немаа решение за поквалитетната игра на домаќините и загубија со убедлива разлика од 25:17, 25:16 и 25:19.

Ова беше прв пораз за македонската одбојкарска репрезентација сезонава во рамки на Сребрената европска лига, откако во првото коло на гости го совлада Косово со 1:3.

Македонија следната средба ја игра на домашен терен против Австрија, која по првите две кола има идентичен учинок како нас – пораз и победа.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ