Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Од:

Подготвена и максимално мотивирана пред домашната публика да ја мине групната фаза, македонската машка одбојкарска репрезентација го очекува утрешниот старт на Европското првенство и воведниот натпревар против Данска во Скопје.

Селекторот Јошко Миленковски претпладнево на средба со новинарите во Скопје порача дека одбојкарите ќе го дадат својот максимум на теренот и апелираше за голема поддршка од трибините.

– Овие момци секој ден даваат сè од себе за да ја претстават државата во најдобро светло. Ова е најголем настан на наше почва и можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт, рече Миленковски.

Селекторот порача дека за успешен настап на македонските одбојкари ќе им биде потребна и силна поддршка од трибините со Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Со нашата желба, мотивација и борбеност сакаме да постигнеме што повеќе, поточно пласман во следниот круг. Макотрпно работевме, но не зависи само од нас зависи и од противниците. За да постигнеме добри резултати потребна ни е поддршка од сите страни, пред сè од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме сè за да се пласираме во втората фаза, додаде селекторот на македонски одбојкари.

На настанот организиран од Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) и НЛБ банка, своите очекувања ги изнесе и капитенот Никола Ѓорѓиев.

– Групата е доста тешка, прв фаворит е Полска, а тука се Холандија и Чешка, па Данска и Црна Гора кои се на наше ниво. Утре за нас е голем ден, мора да влеземе малку позрело за разлика од претходните две европски првенства. Се надевам дека ќе бидеме мудри и ќе имаме трпение, заедно со цела Македонија ќе успееме да се радуваме на убава победа. Можам да ветам дека ќе дадеме се од себе и се надевам дека утре ќе успееме да ве израдуваме, порача Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ