Македонските одбојкари одат во Данска по трофејот од Европската лига

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација претстојниот викенд ќе учествува на завршниот турнир од Европската лига во Данска каде патува со максимални шест победи од двата турнира во групната фаза.

За Македонија ова ќе биде четвртото учество на Ф4, а амбициите с еза прв пат да се освои трофејот.

Најдобриот играч и капитен на оваа селекција Никола Ѓоргиев посакува продолжување на победничката серија до остварување на конечната цел.

– Без разлика со кого ќе играме, наша цел се две победи и првото место. Сакаме Европска лига да ја завршиме со осум победи. Не смееме да се опуштиме и да не залажат шесте победи во групата. Одиме максимално подготвени и сите сме со една цел – освојување на златото, рече Ѓоргиев на денешната прес-конференција.

Македонија утре патува од Скопје за Копенхаген.

Во полуфиналето Македонија ќе игра со Данска на 1 јули (сабота) од 19 часот, а три часа претходно (16 часот) се среќаваат Шведска и Украина.

Во недела (2јули) од 16 часот е натпреварот за третото место, а од 19 часот е финалето.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ