Македонските одбојкари одат на две победи против Израел

Од:

Во таборот на одбојкарската репрезентација на Македонија се убедени дека претстојниот викенд ќе забележат две победи против Израел и со тоа ќе ги задржат шансите за пласман во полуфиналето на Европската лига.

Нашите одбојкари имаа неуспешен старт во ова натпреварување и со два пораза се вратија од гостувањето во Естонија.

– Со Естонија одигравме два различни натпревари. Забележливо беше дека од сет во сет ја подобрувавме играта, а на вториот дуел освоивме и еден сет. Треба да не радува што како поминува времето се подобруваме. Ако одиграме само 20% подобро од вториот меч со Естонците, тогаш сигурно против Израел ќе ги освоиме бодовите, изјави селекторот Жарко Ристоски на денешната прес-конференција.

Првата средба е в сабота од 20 часот и 15 минути, а в недела дуелот почнува во 17 часот и 30 минути. Двата натпревара се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонската репрезентација, по две одиграни кола се наоѓа на последното место во групата А.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ