Македонската одбојкарска репрезентација интензивно се подготвува за претстојните натпревари овој викенд во Скопје против Австрија.
Репрезентативците тренираат во Фитнес и Спа центарот „Синерџи“. Напорните кондициони вежби, вежбите за мускулите, како и вежбите за истегнување се најава дека репрезентацијата е подготвена за победа и пласман во полуфиналето на Европската Лига.
Македонија в сабота (14 часот) и в недела (19 часот) ќе брка две убедливи победи за зголемување на шансите за полуфинале во Европската лига.
Селекторот Жарко Ристоски и дел од репрезентативците денеска во 13 часот ќе одржат и прес-конференција на која ќе ги изнесат очекувањата за дуелите со Австрија.