Македонската одбојкарска репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од А групата од Европската лига.
Нашата селекција гостува кај Естонија, која ја има улогата на фаворит. Голем проблем за избраниците на селекторот Жарко Ристоски е тоа што нашата репрезентација не одигра ниту еден контролен натпревар во рамките на подготовките.
За двете репрезентации ова се првите натпревари во групата, а досега останатите ривали одиграа по два натпревара. Полска и Австрија имаат по две победи и се на делба на првата позиција на табелата со по шест бодови, додека Израел и Данска имаат по два пораза.
Дуелот Естонија – Македонија почнува во 20 часот, а утре двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар.