Македонската кик-бокс репрезентација освои осум медали, од кои по три златни и сребрени и два бронзени, на Светскиот куп што викендов се одржа во Бихаќ (БиХ).
Светскиот куп се одвиваше во дисциплините: поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, фул контакт и лоу кик.
Со медали од македонските борци се закитија:
1. Димитар Георгиев – кик лајт 1.место и лоу кик 3.место
2. Ненад Манојловски – кик лајт 1.место и лоу кик 2.место
3. Таркан Ракиповски – лоу кик 1.место
4. Роберт Костовски – кик лајт 2.место
5. Дарио Манев – кик лајт 2.место
6. Елена Стојчевска – поинт фајт 3.место.
На ова натпреварување учество земаа 526 натпреварувачи од девет земија: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Финска и Унгарија.