Македонските каратисти се вратија со 14 медали од Обединетиот светски шампионат во Италија

Од:

Македонската репрезентација во традиционално карате на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини, Италија освои 14 медали од кои: 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.

Медали во сениорска конкуренција освоија: 1. место во кати екипно-сениори (Дејан Недев, Аљоша Недев и Матеј Ангеловски), 1. место во кого-кумите и фукуго-сениори Матеј Ангеловски, 3. место во кати поединечно Дејан Недев, 3 место во ен-бу м/м (А. Недев и М. Ангеловски).

Резултати-јуниори: 1. место кати екипно-јуниорки (М. Саздова, Б. Милевска и Ј. Милевска), 1. место ен-бу м/ж (О. Тасевски и М. Саздова), 2. место во кого-кумите Берта Милевска.

Кај кадетите: 1. место кати екипно-кадетки(А. Белазелкоска, Ј. Дробниќ и Ј. Милевска), 1. место фукуго-кадетки Јелена Дробниќ, 1. место во кати и кого кумите поединечно Мила Саздова, 3. место во фукуго-кадетки Мила Саздова и 3. место во кого-кумите Јана Милевска.

На шампионатот учествуваа повеќе од 1.000 натпреварувачи од 47 земји.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје