Македонските каратисти на подготовки во Банско

Од:

На предлог на тренерите на државната репрезентација во борби и кати, Карате федерацијата на Македонија обезбеди подготовки во Банско за сите македонски каратисти кои се наоѓаат меѓу најдобрите 100 во својата категорија на ВКФ ранг листата.

Покрај тренерите на државната репрезентација, обезбеден е и кондициски тренер, како и помошник на Сашко Арсовски во борби.

Овие подготовки се за претстојното изборно првенство за настап на Светското првенство во Мадрид, Шпанија, како и за Премиер лигата во Берлин, Германија, на која токму првите 100 на ВКФ ранг листата имаат право на настап.

Дел од подготовките е и учесникот на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, Фахик Весели, заедно со тренерот на државната репрезентација во борби за кадети и јуниори Александар Кузмановски, со цел што подобро да се подготват за настап на МОИ.

Список на учесници на подготовките во Банско, Бугарија:

1. Сашко Арсовски – тренер на државна репрезентација во борби
2. Стојан Андриевски – тренер на државна репрезентација во кати
3. Бошко Заборски – помошник тренер на државна репрезентација во борби
4. Крсте Војнески – кондициски тренер
5. Сара Радичевска
6. Симона Заборска
7. Јована Георгиева
8. Ангела Мојсовска
9. Моника Стефановска
10. Пулексенија Јованоска
11. Емил Павлов
12. Ненад Келебиќ
13. Димитар Илиевски
14. Ферат Корбулиќи
15. Енес Смаилагиќ
16. Петар Заборски
17. Берат Јакупи
18. Петар Спасеновски
19. Жарко Арсовски
20. Мартин Несторовски
21. Александар Кузмановски – тренер на државна репрезентација во борби за кадети и јуниори
22. Фахик Весели.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје