Македонските фудбалери до 21 година ремизираа против Словачка на „Анталија Куп 2021“

Од:

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено 2:2 против Словачка во рамки на вториот натпревар на меѓународниот „Анталија Куп 2021“.

По воведниот пораз против Казахстан од 2:1, избраниците на селекторот Благоја Милевски попладнево испуштија шанса за премиерната победа, откако примија два гола во завршните 15-ина минути.

Македонскиот состав поведе преку Дарко Чурлинов во 24 минута, а Мартин Радуловиќ Величковиќ ја удвои предноста во 54 минута.

Во завршните 30 минути уследи голем пад во играта на „црвено – жолтите“, што Словаците го искористија и најпрво во 76 ја преполовија негативата, а со автоголот на Радуловиќ Величковиќ во 89 минута стигнаа до бод.

Би можело да ве интересира

У21: Македонските фудбалери го совладаа Косово

А1он

Фудбал У-21: Франција среќно до трите бода во Скопје

А1он

У21: Србија продолжува со нов селектор во евроквалификациите

А1он

(ФОТО) Младата фудбалска репрезентација се подготвува за дуелот со Израел

Катерина Ѓуровски

Милевски не може да смета на Младеновски, неизвесен настапот на Руфати

Ана Ололовска