Македонскиот шампион Вардар дел од прославата на Веспрем

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе биде дел од прославата на ракометниот шампион на Унгарија, Веспрем, по повод 40 годишното постоење.

Најдобриот унгарски тим, Веспрем во 2017 ќе прослави 40 години од своето постоење. Како дел од овој јубилеј, кон крајот на август ќе се одржи и силен турнир, на кој покрај домашниот тим и македонскиот првак Вардар учество ќе земат и екипите на актуелниот европски првак Келце првакот на Словенија, Целје.

Унгарскиот тим се надева дека јубилејот ќе го пречека како нов клупски „владетел“ во Европа, односно дека ќе успее да триумфира во тековната сезона во Лигата на шампионите. Минатата, Веспрем во неизвесното финале загуби од Келце со 39:38 по изведувањето на пеналите.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ