Македонскиот домаќин на европскиот првак во женската Лига на шампиони

Од:

Македонскиот шампион Вардар вечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на Ѓер во првиот дуел од четвртфиналето од Лигата на шампоните.

Гостинките од Унгарија последните две години ја освојуваат шампионската титула и  влегуваат како фаворитки во оваа пресметка со нашиот првак.

Сепак, Ѓер е различен тим во однос на ланскиот, кој на Ф4 турнирот во Будимпешта лесно го освои пехарот. Ги нема десниот бек Катарина Булатовиќ, а повредени се Едуарда Аморим, Адриен Орбан и голманката Јелена Грубишиќ која дојде во меѓувреме. Ги нема и легендарната Анита Гербиц, како и најдобрата голманка лани во ЛШ, Катрин Лунде.

Вардарки не се предаваат предвреме, напротив апелираа до навивачите да ја наполнат салата и со големата поддршка која ја очекуваат од трибините веруваат во победа и предност пред реваншот во Будимпешта.

Сите оние кои што се уште не купиле билет за натпреварот со Ѓер, а сакаат во живо да го гледаат македонскиот и европскиот шампион, влезница ќе можат да купат денеска на билетарницата во „Јане Сандански“ која ќе работи од 12 часот па се до почетокот на средбата.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска