Македонскиот амбасадор во Словенија го посети Металург

Од:

Во пресрет на можеби клучниот натпревар, од Лигата на Шампионите, за обезбедување на што подобра позиција во групата, македонскиот ракометен шампион, беше посетен и од амабасадорот на Македонија во Словенија, Игор Попов.

Македонскиот амбасадор во Република Словенија, г. Игор Попов, во текот на попладнето го посети македонскиот шампион во Крањска Гора. Покрај средбата со управата на Металург и со шефот на стручниот штаб Лино Червар, г. Попов присуствуваше и на последниот тренинг на нашите ракометари во Крањска Гора. На крајот од средбата, амбасадорот Попов на ракометарите им посака многу среќа на мечот в сабота.

Амбасадорот Попов обезбеди и 50 влезници за нашите иселеници во Словенија.

Покрај овие 50 Македонци, на натпреварот ќе присуствуваат и 60 навивачи, членови на нашата навивачка група “Пирати“, кои утре наутро тргнуваат кон Словенија со еден автобус, а за саботниот натпревар се информирани и тамошната Македонска црква и македонските друштва, така што засега се споменува вкупна бројка од 150 навивачи што би го бодреле Металург.

ФОТО: РК Металург

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска