На семинарот во Неа Флогита, Грција што ќе се одржи од 18 до 23 јуни ќе учествуваат повеќе каратисти од Македонија, Грција, Србија и Романија. Семинарот ќе биде под водство на: Шихан Венцислав Недев 9 дан и Сенсеи Дејан Недев 6 дан.
Дејан Недев за прв пат на покана на карате клуб од Ларнака на 25 и 26 јуни 2017 година, ќе одржи дводневен карате семинар на младите и надежни каратисти од Кипар.
По враќањето од Грција и Кипар, Македонските каратисти ќе продолжат со подготовки во Скопје за меѓународните карате шампионати во Романија и Италија закажани за ноември и декември оваа година.