Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија од 2. до 5. март во Талин, Естонија, ќе игра во рамки на Третата зона од Дејвис купот.
Македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак заедно со селекторот Дејан Маринковиќ вечерва патуваат за Талин, каде ќе им се приклучи Димитар Грабул.
Јотовски и Србљак одржаа неколку тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ на тврда подлога на која и ќе се играат мечевите во Талин.
На натпреварите во Естонија ќе настапат 16 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири групи по четири селекции. Победниците на групите ќе играат во полуфиналето, а победниците во полуфиналето ќе се пласираат во Втората Евро-африканска зона. Македонија годинава нема да биде носител.