Македонската ракометна репрезентација пристигна во Мец

Од:

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Мец каде ќе ги игра натпреварите во рамките на Б групата на Светското првенство што се одржува во Франција од утре до 29 јануари.

Македонската експедиција вчеравечер со автобус тргна кон Софија, а од главниот бугарски град со авион преку Виена и Луксембург пристигнаа во Мец.

Се очекува избраниците на Лино Червар попладнево да имаат и полесен тренинг во салата каде ќе настапуваат на Мундијалот.

Македонија е во група заедно со селекциите на: Тунис (12 јануари), Ангола (14 јануари), Словенија (16 јануари), Шпанија (18 јануари) и Исланд (19 јануари).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ