Македонија заедно со Словенија ќе конкурира за организатор на ЕП во 2022 и 2024 година

Од:

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Ракометната федерација на Словенија изразија подготвеност заедно да конкурираат за организација на сениорските машки Европски Првенства во 2022 и 2024 година.

Ракометната Федерација на Македонија веќе официјално ја испрати својата кандидатура до ЕХФ, а тоа ќе се очекува да го направат и останатите земји кои ќе конкурираат за организација на овие првенства, потврди РФМ.

Од почетокот на 2018 година, ЕХФ ќе почне да ги разгледува сите пристигнати кандидатури, а конечната одлука ќе ја даде на Годишниот конгрес во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година.

Ракометната федерација на Македонија во последните години ужива огромна доверба од ЕХФ и ИХФ во однос на организација на настани од меѓународен карактер, за што потврдуваат честите беспрекорни организации на континенталните и светски собири во младинските категории, како и престижното признание за ТОП Организатор кое и беше доделено на РФМ од ЕХФ во 2015 година.

Покрај заедничката кандидатура на Македонија и Словенија за машките сениорски Европски Првенства во 2022 и 2024 година, писма со интерес до ЕХФ за организација на овие Првенства испратиле и: Белгија/Шпанија/Франција, Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Германија/Швајцарија, Русија/Белорусија и Литванија за ЕП 2022, односно Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Швајцарија, Германија и Литванија за ЕП 2024 година.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он