Македонската репрезентација во традиционално карате од 9 до 12 април ќе земе учество на светскиот ЈКА карате семинар во Токио, Јапонија.
Семинарот ќе го водат врвни јапонски карате инструктори и поранешни светски шампиони во традиционално карате во ИАКФ-ИТКФ светската федерација како што се: Сенсеи Уеки Масаки, Танака Масахико, Осака Јошихару, Мори Тошихиру и др.
Од Македонија на овој врвен карате семинар ќе учествуваат: Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви, Матеј Ангеловски и Љупчо Миленковски.
По завршување на карате семинарот предвидено е нашите каратисти да остварат повеќе средби со Јапонските спортски авторитети во Владата на Јапонија како и со Организациониот комитет на Летните олимписки игри Токио 2020, за поддршка на традиционалното карате да стане дел од Олимпијадата.