Македонија Светското првенство во Алжир го заврши на шестото место

Од:

Младинската ракометна репрезентација на Македонија (играчи до 21 година), Светското првенство во ракомет, што се одржува во Алжир го заврши на шестото место што претставува историски резултат и најдобар пласман на една македонска репрезентација на светските првенства. Во натпреварот за 5.место попладнево Македонија загуби од Унгарија со 26:22 (14:11).

Избраниците на селекторот Илија Темелковски последниот натпревар на шампионатот го почнаа добро и до средина на првиот дел двете селекции се менуваа во водството. Во 18.минута беше 9:9, а потоа противникот направи серија 3-0 и на полувреме имаше три голови разлика. Во вториот дел Унгарија го зголеми водство на 17:12, а нашата селекција во 49.минута намали на 18:20, но немаше сили за пресврт.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Марко Нелоски со 6 голови, додека на дуелот најпрецизен беше Марк Ковач со 8 голови.

Во натпреварот за 7.место на шампионатот Тунис ја победи Русија со 36:21, а до крајот остануваат да се одиграат уште „малото финале“ меѓу Франција и Германија и финалето помеѓу Шпанија и Данска.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ