Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Албанија го започна својот трет настап во Европската лига.
На првиот од двата турнири од А групата, кој се игра во бугарскиот град Варна, репрезентацијата на Македонија со ја победи Албанија, 3:0 по сетови 25:17, 25:23 и 25:18.
Најдобар во нашата селекција беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени. По оваа важна победа нашата селекција ја очекува следниот предизвик веќе утре кога за противник во истиот термин (15 часот) ќе ја има селекцијата на Данска, која попладнево ќе го игра мечот против Бугарија. Токму домаќинот Бугарија ќе биде противник на Македонија во последното 3.коло кое ќе игра во недела.
Втор турнир во Скопје од 16 до 18 јуни, додека завршницата односно фајнал-форот ќе се одржи во Бугарија.